31 Не обраќајте им се на оние што повикуваат духови+ и не прашувајте ги за совет оние што претскажуваат настани,+ за да не станете нечисти поради нив. Јас сум Јехова, вашиот Бог.
10 Кај тебе нека не се најде никој што ќе го помине својот син или својата ќерка низ оган,+ ни некој што гата,+ ни некој што се занимава со магија,+ ни некој што пророкува според предзнаци,+ ни маѓепсник,+
7 На крајот Саул им рече на своите слуги: „Побарајте ми жена што знае да повикува духови+ за да појдам кај неа и да ја прашам за совет“. А слугите му рекоа: „Ене, во Ен-Дор+ има една жена, која знае да повикува духови“.
8 А страшливците, безверните,+ валканите,+ убијците,+ блудниците,+ гаталците,* идолопоклониците+ и сите лажливци+ ќе завршат во езерото што гори со оган+ и сулфур.+ Тоа ја претставува втората смрт“.+