30 Но Сихон, царот на Есевон, не нѐ пушти да поминеме преку неговата земја, зашто Јехова, твојот Бог, допушти да стане* тврдокорен+ и срцето да му закорави, за да ти го предаде в раце, како што се гледа денес.+
20 Но Сихон не му веруваше на Израел дека само ќе помине преку неговото подрачје. Затоа Сихон го собра целиот свој народ, се улогори во Јаса+ и го нападна Израел.+