3 Живеј како дојденец во оваа земја,+ а јас и понатаму ќе бидам со тебе и ќе те благословувам, зашто тебе и на твоето семе ќе ви ги дадам сите овие земји,+ и ќе ја исполнам заклетвата со која му се заколнав на татко ти Авраам:+
24 На крајот Јосиф им рече на своите браќа: „Наскоро ќе умрам. Но Бог сигурно ќе погледне на вас,+ ќе ве изведе од оваа земја и ќе ве одведе во земјата која со заклетва им ја вети на Авраам, на Исак и на Јаков“.+
5 Кога ќе те одведе Јехова во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Евејците и Евусејците,+ за која им се заколна на твоите прататковци дека ќе ти ја даде,+ земја во која тече мед и млеко,+ тогаш врши ја оваа служба во овој месец.