34 Дојденецот што живее меѓу вас нека ви биде како роден Израелец. Сакајте го како самите себе,+ зашто и вие бевте дојденци во египетската земја.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.
2 „Вака речи им на синовите на Израел: ‚Секој од синовите на Израел или од дојденците што живеат во Израел, кој ќе му го даде своето дете на Молох,+ да биде погубен. Народот* да го каменува до смрт.
16 Оној што ќе похули на Јеховиното име, да биде погубен.+ Целата заедница нека го затрупа со камења. Сеедно дали е дојденец или роден Израелец, ако похули на Божјето име, да биде погубен.+