22 Тука ќе се состанувам со тебе и одозгора, над поклопецот,+ меѓу двата херувима што се врз ковчегот на сведоштвото, ќе ти ги кажувам сите заповеди за синовите на Израел.+
42 Тоа нека се принесува редовно+ пред Јехова како жртва паленица од поколение до поколение на влезот од шаторот на средбата, каде што ќе се среќавам со вас за да зборувам таму со тебе.+
36 Дел од тоа столчи во прав и стави еден дел пред Сведоштвото во шаторот на средбата,+ од каде што ќе се среќавам со тебе.+ Тоа нека ви биде нешто најсвето.
2 И Јехова му рече на Мојсеј: „Кажи му на брат ти Арон да не влегува во секое време во светото место+ зад завесата,+ пред поклопецот што е на ковчегот, за да не загине.+ Зашто, јас ќе се појавувам во облакот+ над поклопецот.+