16 тогаш ќе ви го направам ова: додека ве казнувам, ќе ви пуштам страв — офтика*+ и силна треска од која ќе ви гаснат очите+ и ќе ви се мачи душата.+ Залудно ќе го сеете семето, зашто ќе го јадат вашите непријатели.+
11 Сиот Израел го престапи твојот закон и отстапи не слушајќи го твојот глас,+ и затоа врз нас ти излеа проклетство и клетва,+ како што е напишано во законот на Мојсеј, слугата на вистинскиот Бог, зашто ти згрешивме.
2 Ако не послушате+ и ако не го земете тоа присрце+ и не му дадете слава на моето име,“+ вели Јехова над војските, „ќе ви испратам проклетство+ и ќе ги проколнам вашите благослови.+ Да, веќе ги проколнав затоа што не ја земате присрце таа заповед.“
13 Христос нѐ купил+ и така нѐ ослободил+ од проклетството на Законот, станувајќи проклетство+ наместо нас, зашто е напишано: „Проклет да е секој што е обесен на столб“.*+