3 Кој е меѓу вас од сиот негов народ, неговиот Бог нека биде со него.+ И нека оди во Ерусалим, во Јуда, и повторно нека го изгради домот на Јехова, Богот на Израел — вистинскиот Бог+ — домот кој беше во Ерусалим.+
8 Вака вели Севишниот Господар Јехова, кој ги собира распрснатите синови на Израел:+ „Ќе соберам кај него и други, покрај неговите што се веќе собрани“.+
37 ‚Еве, ќе ги соберам од сите земји низ кои ќе ги расеам во својот гнев и во својата јарост и во голема лутина,+ па ќе ги вратам на ова место и ќе им дадам да живеат без страв.+
13 И ќе ги изведам+ од сите народи и ќе ги соберам од сите земји и ќе ги доведам во нивната земја+ и ќе ги пасам на израелските планини, крај потоци и крај сите населени места во земјата.+