10 Синовите Израелови ќе бидат бројни како песокта морска што не може ниту да се измери ниту да се изброи.+ И на местото каде што некогаш им се велеше: ‚Вие не сте мој народ‘,+ ќе бидат наречени ‚Синови на живиот Бог‘.+
23 И ќе ја посеам за себе како семе по земјата+ и ќе бидам милостив кон онаа на која не ѝ беше покажана милост*+ и ќе им речам на оние што не се мој народ:* ‚Ти си мој народ‘,+ а тие ќе речат ‚Ти си мој Бог!‘ “+
11 Затоа прашувам: дали се спрепнаа и паднаа?+ Никако! Туку, поради нивниот погрешен чекор+ доаѓа спасение за луѓето од другите народи,*+ за да се предизвика љубомората на народот на Израел.+