4 А никој кај тебе не треба да биде сиромашен, зашто Јехова ќе те благослови+ во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, да ја заземеш како наследство.+
19 Кога го жнееш житото на својата нива,+ ако заборавиш сноп на нивата, не враќај се по него. Нека остане за дојденецот, за детето без татко и за вдовицата,+ за да те благослови Јехова, твојот Бог, во секое дело на твоите раце.+
8 А Бог може во изобилство да ви ја покаже сета своја незаслужена доброта за секогаш да имате доволно од сѐ и уште да имате во изобилие за да го извршите секое добро дело.+