3Тогаш станаа првосвештеникот Елијасив+ и неговите браќа, свештеници, и почнаа да ја градат Овчата Порта.+ Ја посветија+ и ѝ ги ставија крилата, го посветија тој дел од ѕидот дури до Кулата Меја+ и до кулата на Ананел.+
6 Портата на стариот град+ ја поправаа Јојад, синот на Фасеј, и Месулам, синот на Весодија. Тие ја изработија рамката од дрво, а потоа ги поставија крилата на портата, клиновите и резињата.+
13 Долинската Порта+ ја поправаа Анун и жителите на Заноја.+ Тие ја изградија, а потоа ѝ ги поставија крилата,+ клиновите+ и резињата.+ Освен тоа изградија и ѕид од илјада лакти,* дури до Портата на Буништето.+