17 Разбуди се, разбуди се, стани, о Ерусалиме,+ ти кој од Јеховината рака ја пиеше чашата на неговиот гнев!+ Го испи, до дното го испи пехарот, чашата од која се тетеравиш.+
12 Зашто, вака вели Јехова: „Еве, иако не се навикнати да ја пијат чашата на мојот гнев, ќе мора да ја испијат.+ А зарем ти ќе останеш неказнет? Нема да останеш неказнет, туку ќе пиеш“.+
10 тој, исто така, ќе пие од виното на Божјиот гнев, неразводнето, кое е сипано во чашата на неговата јарост.+ И ќе биде мачен+ со оган и сулфур+ пред светите ангели и пред Јагнето.
19 И големиот град+ се распадна на три дела, и градовите на народите се урнаа. И Бог се сети на Големиот Вавилон,+ да го напои со чашата со вино од својата гневна лутина.+
6 Направете ѝ така како што таа им направи на другите,+ вратете ѝ двапати повеќе, двојно вратете ѝ за нејзините дела!+ Во чашата,+ во која таа мешаше опоен пијалак, измешајте ѝ го двојно повеќе!+