22 ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Јас ќе земам фиданка од врвот на висок кедар и ќе ја посадам.+ Од врвот на неговите млади гранки ќе откршам фиданка+ и ќе ја посадам на висока и возвишена планина.+
27 Ќе ја уништам, ќе ја уништам, ќе ја уништам круната,+ и таа нема да биде ничија сѐ додека не дојде оној што според законот има право на неа,+ и нему ќе му ја дадам‘.+
14 Нему му беа предадени власта,+ честа+ и царството+ за да му служат сите народи, племиња и јазици.+ Неговата власт е вечна власт, која никогаш нема да помине, и неговото царство нема да пропадне.+