12 И го оставија Јехова, Богот на своите татковци, кој ги изведе од египетската земја,+ и појдоа по други богови меѓу боговите на народите што беа околу нив+ и почнаа да им се клањаат и на тој начин го навредуваа Јехова.+
3 И Самоил му рече на целиот Израелов дом: „Ако му се враќате на Јехова со сето свое срце,+ отстранете ги од својата средина туѓите богови+ и Астартите,+ па решително насочете го своето срце кон Јехова и служете му само нему!+ И тој ќе ве избави од филистејската рака“.+
7 Тогаш Соломон им изгради обредна височинка+ на Хемос,+ гнасниот+ моавски бог, на планината+ спроти+ Ерусалим, и на Молох, гнасниот бог на Амоновите синови.
28 Откако се посоветува,+ царот направи две златни телиња+ и му рече на народот: „Претешко ви е да одите во Ерусалим. Еве го, Израелу, твојот Бог+ кој те изведе од египетската земја!“+
7 Направи и режан лик+ на обредниот дирек, па го постави во домот+ за кој Јехова им рече на Давид и на Соломон, неговиот син: „Во овој дом и во Ерусалим, кој го избрав меѓу сите племиња на Израел, ќе престојува моето име довека.+