10 На денот на вашата веселба,+ на вашите празници+ и на почетокот од вашите месеци,+ трубете во трубите над своите жртви паленици+ и над жртвите на заедништвото.+ Тоа нека биде спомен за вас пред вашиот Бог. Јас сум Јехова, вашиот Бог“.+
28 Така сите Израелци го следеа ковчегот на Јеховиниот сојуз со радосно извикување+ придружено со звук од рогови,+ труби+ и чинели,+ и со гласно свирење на псалтири и на харфи.+
27 Тогаш Езекија заповеда да се принесат на жртвеникот жртви паленици. Кога почнаа да ги принесуваат жртвите паленици, му запеаја+ на Јехова во придружба на трубите и на инструментите на Давид, царот на Израел.