10 А кога Јехова, твојот Бог, ќе те доведе во земјата за која им се заколна на твоите прататковци Авраам, Исак и Јаков дека ќе ти ја даде+ — во која има големи и убави градови, кои не си ги градел,+
23 Така Исус Навин ја зазеде целата земја, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ Потоа Исус Навин му ја даде во наследство на Израел — на секое племе му го даде неговиот дел.+ И земјата почина од војна.+
43 Така Јехова му ја даде на Израел целата земја за која им се заколна на нивните прататковци дека ќе им ја даде,+ и тие ја зазедоа+ и се населија во неа.
22 Им даде царства+ и народи, им раздели дел по дел,+ така што ја зазедоа земјата на Сихон,+ земјата на царот на Есевон+ и земјата на Ог,+ царот на Васан.+
45 Нашите прататковци го презедоа тој шатор од своите татковци и, под водството на Исус Навин,+ го внесоа во земјата што ја поседуваа народите,+ кои Бог ги истера од пред нашите прататковци.+ Таму остана сѐ до деновите на Давид.