32 И почнаа да им зборуваат лошо+ на синовите на Израел за земјата што ја извидуваа: „Земјата низ која поминавме да ја извидиме е земја што ги проголтува своите жители. Сите луѓе што ги видовме во неа се луѓе со необично крупна става.+
19 А јас реков: ‚О, како те поставив меѓу синовите и ти ја дадов пожелната земја,+ наследството на кое му се восхитуваат војските на народите!‘ Уште реков: ‚Вие ќе ме повикувате, велејќи: „Татко мој!“+ — и нема да отстапите од мене‘.
6 Во тој ден им се заколнав со подигната рака+ дека ќе ги изведам од египетската земја и ќе ги одведам во земјата што ја бев извидувал за нив, земја во која тече мед и млеко,+ која е најубава од сите земји.+