5 Немој да им се клањаш, ниту да им служиш,+ зашто јас сум Јехова, твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ Поради престапите на татковците ги казнувам синовите, до третото и до четвртото поколение на оние што ме мразат,+
39 А оние од вас што ќе останат, ќе гнијат+ во земјите на своите непријатели поради своите престапи. И поради престапите на своите татковци+ ќе изгнијат како и тие.
29 Вината нека падне врз главата+ на Јоав и на целиот дом на неговиот татко! Домот+ на Јоав никогаш да не биде без мажи што имаат излив,+ без лепрозни,+ без мажи што се фаќаат за вретено,+ без такви што паѓаат од меч и без такви што немаат леб!“+
21Еднаш, во деновите на Давид, три години едноподруго владееше глад.+ И Давид му се обрати на Јехова за совет, а Јехова му рече: „Врз Саул и врз неговиот дом лежи вина за крв поради Гаваонците, кои ги уби“.+