4 И Јехова му рече: „Помини низ градот, низ Ерусалим, и обележи ги со знак челата на луѓето што тажат и плачат+ поради сите гадости што се прават сред него!“+
26 Нејзините свештеници го кршат мојот закон+ и го сквернават моето светилиште.+ Не прават разлика+ меѓу она што е свето и она што не е свето,+ не ја знаат разликата помеѓу она што е нечисто и она што е чисто,+ ги одвраќаат своите очи од моите денови за одмор+ и ме обесчестуваат меѓу нив.+
6 Мојот народ ќе изгине,* зашто нема знаење.+ Поради тоа што ти го отфрли знаењето,+ јас ќе те отфрлам тебе за повеќе да не ми служиш како свештеник.+ И поради тоа што го забораваш законот на својот Бог,+ јас ќе ги заборавам твоите синови.+
4 Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Јуда,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто го отфрлија законот на Јехова+ и не ги држеа неговите уредби, туку беа заведени од нивните лаги,+ по кои одеа нивните татковци.+