16Еден ден Јехова му рече на Самоил: „До кога ќе тагуваш за Саул,+ кога јас го отфрлив за да не царува повеќе над Израел?+ Наполни го со масло+ својот рог и тргни на пат! Те праќам кај Јесеј+ од Витлеем, зашто меѓу неговите синови си избрав цар“.+
36 А на неговиот син ќе му дадам едно племе за да има мојот слуга Давид секогаш светилка пред мене во Ерусалим,+ градот што си го избрав за да престојува во него моето име.+
7 Но Јехова не сакаше да го сотре Давидовиот дом+ поради сојузот+ што го беше склучил со Давид, зашто беше ветил дека ќе им даде+ светилка нему и на неговите синови засекогаш.+