ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • 2. Мојсеева 7:20
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 20 А Мојсеј и Арон веднаш направија онака+ како што им беше заповедал Јехова.+ И Арон го крена стапот и удри по водата на Нил пред очите на фараонот и на неговите слуги,+ та сета вода во Нил се претвори во крв.+

  • 2. Мојсеева 8:6
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 6 Тогаш Арон ја испружи раката над египетските води, и жабите почнаа да излегуваат, па ја покрија египетската земја.

  • 2. Мојсеева 8:17
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 17 И направија така. Арон ја испружи раката со стапот и удри по правот на земјата и комарци дојдоа врз луѓето и животните. Сиот прав на земјата се претвори во комарци по сета египетска земја.+

  • 2. Мојсеева 9:6
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 6 Утредента Јехова го направи токму тоа. Сета стока на Египет почна да умира,+ а од стоката на синовите на Израел не загина ниту едно грло.

  • 2. Мојсеева 9:10
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 10 Тогаш зедоа саѓи од печката и застанаа пред фараонот. И Мојсеј ги фрли саѓите кон небото, па на луѓето и на животните почнаа да им излегуваат чиреви и меури.+

  • 2. Мојсеева 9:23
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 23 Мојсеј го испружи својот стап кон небото, а Јехова испрати громови и град,+ и се спушти оган на земјата. И Јехова пушти град да паѓа на египетската земја.

  • 2. Мојсеева 10:12
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 12 А Јехова му рече на Мојсеј: „Испружи+ ја раката над египетската земја за да дојдат скакулци во египетската земја и да ги изедат сите растенија, сѐ што остана во земјата по градот!“+

  • 2. Мојсеева 10:21
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 21 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Испружи ја раката кон небото,+ и темнина ќе се спушти на египетската земја, темнина што ќе може да се опипа!“

  • 5. Мојсеева 4:34
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 34 И дали Бог некогаш се обидел да дојде и да си земе за себе народ од некој друг народ со испити,+ со знаци,+ со чуда,+ со војна,+ со силна рака,+ со подигната мишка+ и со големи стравотии,+ како што Јехова, вашиот Бог, го направи сето тоа за вас во Египет пред твои очи?

  • Неемија 9:10
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 10 И направи знаци и чуда над фараонот, над сите негови слуги и над целиот народ од неговата земја,+ зашто знаеше дека постапуваа дрско+ со нив. И си стекна име+ какво што имаш денес.

  • Псалми 105:27
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 27 Тие им ги покажаа неговите знаци,+

      и чудата во земјата на Хам.+

  • Дела на апостолите 7:36
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 36 Тој човек ги изведе,+ правејќи чуда и предзнаци во Египет,+ и во Црвеното Море,+ и во пустината* четириесет години.+

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели