5 Немој да им се клањаш, ниту да им служиш,+ зашто јас сум Јехова, твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ Поради престапите на татковците ги казнувам синовите, до третото и до четвртото поколение на оние што ме мразат,+
9 Немој да им се клањаш и немој да им служиш,+ зашто јас, Јехова, сум твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ За престапите на татковците ги казнувам синовите на оние што ме мразат, и до третото и до четвртото колено,+
19 А кога ќе умреше судијата, тие пак се одвратуваа од него и постапуваа уште полошо отколку нивните татковци и одеа по други богови, им служеа и им се клањаа.+ Не отстапуваа од своите дела и од своите тврдокорни постапки.+
14 А кога се врати откако ги порази Едомците, Амазија ги донесе со себе боговите+ на синовите на Сеир и ги постави за свои богови.+ Почна да им се клања+ и да им гори приноси.+
19 Тешко на оној што на парчето дрво му вели: „Разбуди се!“ — и на немиот камен: „Стани!“ А тие велат: „Тој ќе поучува!“+ Гледај, обложени се со злато и сребро,+ но во нив нема никаков здив.+
20 А останатите луѓе, кои не изгинаа од овие неволји, не се покајаа за делата на своите раце+ — не престанаа да ги почитуваат* демоните+ и идолите од злато, сребро,+ бакар, камен и дрво, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат.+