14 Тогаш Езекија, царот на Јуда, му испрати порака на асирскиот цар во Лахис: „Згрешив! Одврати се од мене, па што и да ми наметнеш, ќе го носам“.+ А асирскиот цар побара од Езекија, царот на Јуда, триста таланти* сребро+ и триесет таланти злато.
2 Го ископа, го исчисти од камења, засади во него црвена благородна лоза и изгради кула среде него.+ И изделка винско гмечало во него.+ Се надеваше дека ќе роди грозје,+ но тоа роди диво грозје.+
8 и ќе помине низ Јуда. Ќе го поплави и ќе помине преку него.+ До грло ќе му дојде.+ Ќе ги рашири своите крилја+ преку целата твоја земја, Емануеле!“*+
43 Зашто, за тебе ќе дојдат денови кога твоите непријатели ќе подигнат околу тебе ограда+ од зашилени колци,+ и ќе те опколат,+ и ќе те притиснат од сите страни.+