51 И тие ќе го јадат плодот од твојата стока и плодот од твојата земја додека не бидеш истребен.+ Нема да ти остават ни жито, ни младо вино, ни масло, ни младенче од крупната стока, ни младенче од ситната стока, додека не те сотрат.+
17 Ќе ја проголтаат твојата жетва и твојот леб.+ Ќе ги проголтаат твоите синови и твоите ќерки. Ќе ги проголтаат твоите овци и твоите говеда. Ќе ја проголтаат твојата лоза и твојата смоква.+ Со меч ќе ги опустошат твоите утврдени градови на кои се надеваш.“