29 Во времето на Фекај, израелскиот цар, дојде Теглат-Феласар,+ асирскиот цар,+ и ги освои Ијон,+ Авел-Вет-Маха,+ Јанох, Кедес,+ Асор,+ Галад+ и Галилеја,+ целата земја на Нефталим,+ и нивните жители ги одведе во изгнанство во Асирија.+
6 Во деветтата година од царувањето на Осиј, асирскиот цар ја освои Самарија+ и ги одведе Израелците во изгнанство+ во Асирија, па ги насели во Халах+ и во Авор, на реката Гозан+ и во медијските градови.+
26 Затоа Богот на Израел го поттикна+ Фул,+ асирскиот+ цар, односно* асирскиот цар Телгат-Фелнасар,+ да ги одведе во изгнанство+ племето на Рувим, племето на Гад и половината племе на Манасија. И ги доведе во Халах,+ Авор, Хара и на реката Гозан, каде што останаа до ден-денес.