7 Запомни и никогаш немој да заборавиш како го предизвикуваше Јехова, својот Бог, во пустината.+ Од денот кога излеговте од египетската земја додека не дојдовте на ова место, се буневте против Јехова.+
9 Синовите на Израел го правеа она што не беше исправно во очите на Јехова, нивниот Бог,+ и си градеа обредни височинки+ по сите свои места, од стражарските кули+ до утврдените градови.
7 А јас ве доведов во земја на овоштарници за да јадете од нивниот род и од нивните добра.+ Но вие дојдовте и ја извалкавте мојата земја, моето наследство го направивте одвратно.+
25 Лежиме во својот срам+ и нѐ покрива нашето понижување.+ Зашто, на Јехова, својот Бог, му грешевме,+ и ние и нашите татковци, од нашата младост до ден-денес,+ и не го послушавме гласот на Јехова, нашиот Бог.“+
8 ‚А јас поминував покрај тебе и те видов, и гледај, твоето време беше време за љубов.+ И ги раширив своите скутови на тебе+ и ја покрив твојата голотија и ти се заколнав и склучив сојуз со тебе‘,+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚и ти стана моја.+
28 Јас ги доведов во земјата+ за која им се заколнав со подигната рака дека ќе им ја дадам.+ Но секогаш кога ќе видеа некој рид+ или некое разгрането дрво, таму принесуваа жртви+ и таму донесуваа навредливи приноси, принесуваа на тие места успокојувачки мириси+ и излеваа жртви налевници.+
51 Луѓе тврдоглави и со необрежани срца+ и уши! Вие секогаш му се спротивставувате на светиот дух — како што правеа вашите прататковци, така правите и вие.+