30 ‚Зашто, синовите на Јуда го прават она што е зло во мои очи‘, вели Јехова. ‚Ги поставија своите одвратни идоли* во домот што го носи моето име, за да го осквернат.+
11 ‚Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚затоа што го осквернивте моето светилиште со сите свои гадотии+ и со сите свои одвратности,+ јас ќе ве изретчам+ и моето око нема да се сожали+ и нема да се смилува.+
5 И ми рече: „Сине човечки, те молам, подигни ги, очите кон север!“ И ги подигнав очите кон север. И гледај, на влезот, северно од портата на жртвеникот беше оној идол на љубомората.+
10 „Го најдов Израел како грозје во пустина.+ Како ран плод на смоква што првпат раѓа, ги видов вашите татковци.+ Тие одеа кај Ваал фегорски+ и му се предаваа на тој срамен бог,+ па станаа одвратни како и она што го сакаа.+