6Засолнете се, синови Венијаминови, бегајте од Ерусалим! Во Текоја+ затрубете во рог!+ На Вет-Акерем+ дајте знак со оган, зашто од север се надвисна над вас неволја, голема пропаст.+
„Еве, надоаѓаат води+ од север+ и се претвораат во голем порој. Ќе ја поплават земјата и сѐ што е на неа, градот и оние што живеат во него.+ И луѓето ќе викаат, и ќе плачат горко сите што живеат во земјата.+
9 Зашто, еве, ќе подигнам и ќе доведам против Вавилон мноштво големи народи од северната земја,+ и тие ќе се наредат за бој против него.+ Оттаму ќе биде освоен.+ Нивните стрели се како кај силен човек кој им ги убива децата на родителите и не се враќа без успех.+