25Така, во деветтата+ година од неговото царување, во десеттиот месец, на десеттиот+ ден од тој месец, вавилонскиот цар,+ Навуходоносор,+ дојде против Ерусалим со сета своја војска. Се улогорија пред градот и изградија опсаден ѕид околу него.+
17 И го доведе против нив халдејскиот+ цар, кој ги погуби со меч+ нивните младичи во нивното светилиште+ и не се смилува ни на младич ни на девојка, ни на старец ни на немоќен.+ Сѐ му предаде в раце.
7 Се крена како лав од својот честак,+ тргна оној што ги сотира народите,+ појде од своето место за да ја претвори твојата земја во грозна глетка. Твоите градови ќе бидат разурнати и ќе останат без жители.+