25 Тогаш ќе им одговорат: ‚Затоа што го оставија сојузот+ што Јехова, Богот на нивните прататковци, го склучи со нив кога ги изведе од египетската земја.+
9 И ќе им се одговори: ‚Затоа што го оставија Јехова, својот Бог, кој ги изведе нивните прататковци од египетската земја,+ и им се приклонија на други богови,+ им се клањаа и им служеа. Затоа Јехова им ја нанесе сета таа неволја‘ “.+
10 А кога ќе му ги објавуваш на тој народ сите овие зборови, ако те праша: ‚Зошто Јехова ни ја најави целата оваа голема неволја? Кој е нашиот престап и кој е нашиот грев со кој му згрешивме на Јехова, нашиот Бог?‘+