8 Од овој дом ќе останат само урнатини.+ Секој што ќе помине покрај него ќе остане вчудовиден,+ па во чудо ќе потсвирнува и ќе праша: ‚Зошто им направи Јехова такво нешто на оваа земја и на овој дом?‘+
21 Од овој дом ќе останат само урнатини+ и секој што ќе помине покрај него вчудовидено+ ќе праша: ‚Зошто им направи Јехова такво нешто на оваа земја и на овој дом?‘+
19 И го запали домот на вистинскиот Бог+ и ги урна ѕидиштата+ на Ерусалим. Сите утврдени дворци ги изгоре во оган, а и сите скапоцености во нив,+ и така уништи сѐ.+
18 „Михеј+ од Моресет+ пророкуваше во деновите на Езекија, царот на Јуда,+ и му рече на сиот народ на Јуда: ‚Вака вели Јехова над војските: „Сион ќе биде преоран како нива+ и од Ерусалим ќе останат само урнатини,+ а гората на Божјиот дом ќе биде обрасната со шума“ ‘.+
21 ‚Речи му на домот Израелов: „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе го осквернам своето светилиште,+ она на кое многу се гордеете,+ она што им е мило на вашите очи+ и мило на вашата душа, а вашите синови и вашите ќерки, кои ги оставивте, ќе паднат од меч.+