ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Проповедник 11
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Проповедник — краток преглед

      • Користи ја секоја прилика (1-8)

        • Фрли го својот леб да плови по водата (1)

        • Сеј го семето од утро до мрак (6)

      • Уживај во младоста, но биди одговорен (9, 10)

Проповедник 11:1

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/12/2000, стр. 21

Проповедник 11:2

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/12/2000, стр. 21

Проповедник 11:4

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Разбудете се!,

    2/2014, стр. 7

    Стражарска кула,

    1/11/2006, стр. 16

Проповедник 11:5

Фусноти

  • *

    Овој збор може да се однесува на животната сила, или пак на Божјиот дух.

Проповедник 11:6

Фусноти

  • *

    Буквално: „Сеј го своето семе наутро и нека не ти почива раката до вечерта“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    5/2018, стр. 16

    Стражарска кула,

    1/2/2001, стр. 29-31

    1/3/1993, стр. 22-23

Проповедник 11:7

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/11/2006, стр. 15

Проповедник 11:8

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/11/2006, стр. 15

    15/8/1998, стр. 9

Проповедник 11:9

Фусноти

  • *

    Или: „дека ќе одговараш за сѐ што правиш пред вистинскиот Бог“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/5/2004, стр. 13

    15/8/1998, стр. 8

Проповедник 11:10

Фусноти

  • *

    Или: „се минливи; се суетни“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    2/2023, стр. 21

    Стражарска кула,

    1/11/2006, стр. 15

    1/5/2004, стр. 13

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
Свето писмо — превод Нов свет
Проповедник 11:1-10

Проповедник

11 Фрли го својот леб да плови по водата, и по многу денови пак ќе го најдеш. 2 Подели го она што го имаш со седуммина, па дури и со осуммина, бидејќи не знаеш каква неволја ќе ја снајде земјата.

3 Ако облаците се полни со вода, ќе истури дожд на земјата. Ако некое дрво падне, било кон југ било кон север, ќе остане таму каде што паднало.

4 Оној што гледа дали дува ветар, никогаш нема да сее, и оној што гледа дали има облаци, никогаш нема да жнее.

5 Исто како што не знаеш како дејствува духот* во коските на бебето во утробата на бремената жена, така не ги разбираш ни постапките на вистинскиот Бог, кој прави сѐ.

6 Сеј го своето семе од утро до мрак,* бидејќи не знаеш дали ќе роди она што си го посеал в зори или она што си го посеал навечер. А можеби и едното и другото семе ќе дадат род.

7 Светлината е пријатна за очите, и убаво е кога човек гледа сончева светлина. 8 Колку долго и да живее, нека му се радува на секој ден. Но, не смее да заборави дека ќе дојдат и црни денови, кои може да ги има многу! Секој таков ден е бесмислен.

9 Момче, радувај се додека си младо и весели се во деновите на својата младост. Оди каде што те влече срцето и каде што те водат очите. Но, знај дека вистинскиот Бог ќе побара од тебе да му положиш сметка за сѐ.* 10 Затоа, чувај си го срцето од она што може да ти нанесе болка и чувај си го телото од она што може да ти наштети, бидејќи младоста и најубавите години од животот брзо ќе летнат.*

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели