35 Елиу продолжи и рече:
2 „Тоа ли го сметаш ти за правда?
Рече: ‚Мојата праведност е поголема од Божјата‘.+
3 И велиш: ‚Од каква полза ти е таа?+
Ми вреди ли таа повеќе отколку гревот?‘+
4 Јас ќе ви одговорам тебе
и на твоите пријатели+ што се со тебе.
5 Погледни го небото+ и види,
гледај ги облаците+ — колку се повисоко од тебе!
6 Ако грешиш, ќе му наштетиш ли со тоа?+
Ако се множат твоите бунтовнички престапи, ќе му напакостиш ли со нив?
7 А ако си праведен, што му даваш со тоа
и што прима тој од твојата рака?+
8 Твојата злоба може да му напакости само на човек како што си ти,+
а твојата правда може да му помогне на земниот човек.+
9 Поради големото угнетување, тие викаат за помош,+
викаат за помош затоа што ги притиска раката на моќните.+
10 Но никој не вели: ‚Каде е Бог, мојот Величествен Творец,+
оној што ја исполнува ноќта со песна?‘+
11 Тој нѐ учи+ нас повеќе отколку земните животни+
и нѐ прави помудри од небесните птици.
12 Тие викаат за помош, но тој не одговара,+
поради гордоста+ на злите луѓе.
13 Но Бог не слуша невистина,+
Семоќниот не го свртува погледот кон неа.+
14 И зар ќе го стори тоа тогаш кога велиш дека не го гледаш!+
Парницата е пред него, затоа чекај го нетрпеливо.+
15 А бидејќи во својот гнев не те повика на одговорност,+
не обрнува внимание на оваа твоја крајна непромисленост.+
16 Јов залудно ја отвора устата,
нема знаење, а натрупува зборови“.+