Јов
36 Потоа Елиу рече:
2 „Биди стрплив уште малку со мене, и јас ќе ти покажам
дека треба уште нешто да се каже за Бог.
5 Гледај, Бог е моќен+ и тој нема да отфрли човек,
силен е во разборитоста на своето срце.
6 Нема да го остави жив злобниот,+
туку ќе им даде правда на страдалниците.+
7 Тој нема да го тргне погледот од праведникот,+
ќе постави цареви на престолот+ засекогаш,
и ќе бидат возвишени.
9 Тогаш тој ќе им ги спомне нивните дела
и нивните престапи, затоа што се вообразени.
11 Ако послушаат и ако почнат да му служат,
нивните денови ќе завршат во добро
и нивните години во задоволство.+
13 А оние што имаат отпадничко срце, ќе натрупуваат гнев.+
Нема да молат за помош кога тој ќе ги врзе.
15 А тој ќе го избави страдалникот од неговата неволја
и ќе му го отвори увото кога е во мака, за да го поучи.
16 Ќе те избави од устата на неволјата!+
Наместо во неа да бидеш стеснет, ќе бидеш на пространо место,+
и на твојата трпеза ќе има изобилство+ утеха.
18 Затоа внимавај бесот+ да не те наведе да плескаш со рацете пакосно
и големата откупнина+ нека не те заведе.
19 Ќе биде ли услишен твојот повик за помош?+ Не, нема да те избави од неволјата
дури ни целиот твој голем труд.+
20 Не воздивнувај за ноќта,
кога луѓето заминуваат на починка.
22 Гледај, Бог постапува возвишено во својата сила!
Има ли учител како него?
26 Гледај, Бог е многу повозвишен отколку што можеме да сфатиме,+
не може да се истражи бројот на неговите години.+