Марко
16 Кога помина саботата,*+ Марија Магдалена+ и Марија, мајката на Јаков, и Салома купија мириси за да појдат и да го намачкаат Исус.+ 2 И во првиот ден+ од седмицата, многу рано, кога изгреа сонцето, дојдоа до гробот.+ 3 И си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го отркала каменот од влезот на гробот?“ 4 Но кога погледнаа, видоа дека каменот е отркалан, иако беше многу голем.+ 5 Кога влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бела долга облека, како седи од десната страна. И се уплашија.+ 6 А тој им рече: „Не плашете се! Вие го барате Исус Назареќанецот, кој беше прикован на столб.*+ Воскресна,+ не е овде. Еве го местото каде што го положија.+ 7 Туку одете, кажете им на неговите ученици и на Петар: ‚Тој оди пред вас во Галилеја.+ Таму ќе го видите, како што ви рече‘ “.+ 8 И тие излегоа и побегнаа од гробот, растреперени од страв и вчудовидени. И никому ништо не му кажаа бидејќи се плашеа.+