1. Летописи
27 Ова е пописот на синовите на Израел, на родовските поглавари,+ на илјаданачалниците,+ на стотниците+ и на другите нивни заповедници, кои му служеа на царот+ управувајќи со сите работи околу војската, која доаѓаше и си заминуваше по групи секој месец во годината. Секоја група имаше по дваесет и четири илјади луѓе.
2 Над првата група, во првиот месец, беше Јасовеам,+ синот на Завдил. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 3 Некои од синовите на Фарес+ — меѓу кои беше поглаварот на заповедниците на сите групи — служеа во првиот месец. 4 Над групата што служеше во вториот месец беше Додај,+ потомок на Ахохи,+ а Миклот беше водач во неговата група. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 5 Заповедник на третата група, во третиот месец, беше Венај,+ синот на Јодај,+ поглавар на свештениците. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 6 Тој Венај+ беше јунак меѓу триесеттемина+ и беше над тие триесетмина. Над неговата група беше неговиот син Амизавад. 7 Четвртиот, во четвртиот месец, беше Асаил,+ братот на Јоав,+ а по него неговиот син Зевадија. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 8 Петтиот заповедник, во петтиот месец, беше Самут+ од Израј. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 9 Шестиот, во шестиот месец, беше Ира,+ син на Икис+ од Текоја.+ Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 10 Седмиот, во седмиот месец, беше Хелис+ од Фелон,+ од синовите на Ефрем. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 11 Осмиот, во осмиот месец, беше Сивехај+ од Хус, потомок на Зара.+ Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 12 Деветтиот, во деветтиот месец, беше Авиезер+ од Анатот,+ од синовите на Венијамин. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 13 Десеттиот, во десеттиот месец, беше Махарај+ од Нетофа, од синовите на Зара.+ Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 14 Единаесеттиот, во единаесеттиот месец, беше Венај+ од Фаратон, од синовите на Ефрем.+ Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе. 15 Дванаесеттиот, во дванаесеттиот месец, беше Хелдај+ од Нетофа, од синовите на Готонил. Во неговата група имаше дваесет и четири илјади луѓе.
16 Над племињата на Израел+ беа: над племето на Рувим беше Елиезер, синот на Зихриј, над племето на Симеон беше Сефатија, синот на Мааха, 17 над племето на Леви — Асавија, синот на Кемуил, над синовите на Арон — Садок,+ 18 над племето на Јуда — Елиу,+ еден од браќата на Давид,+ над племето на Исахар — Амри, синот на Михаел, 19 над племето на Завулон — Исмаја, синот на Авдија, над племето на Нефталим — Еримот, синот на Азриел, 20 над синовите на Ефрем — Осиј, синот на Азазиј, над половината племе на Манасија — Јоил, синот на Федаија, 21 над другата половина од племето на Манасија во Галад — Идо, синот на Захарија, над племето на Венијамин — Јасил, синот на Авенир,+ 22 над племето на Дан — Азареил, синот на Јероам. Тоа беа кнезовите+ на племињата на Израел.
23 А Давид не ги преброи оние што имаа дваесет години и помалку, зашто Јехова вети дека ќе го намножи Израел за да биде како ѕвездите на небото.+ 24 Јоав,+ синот на Серуја, почна да го пребројува народот, но не доврши,+ зашто се крена гневот+ против Израел. Затоа бројот не е забележан во летописите на цар Давид.
25 Над царската ризница+ беше Азмавет, синот на Адил. Над складиштата во полето,+ во градовите,+ во селата и во кулите беше Јонатан, синот на Озија. 26 Над земјоделците+ што ја обработуваа земјата беше Езриј, синот на Хелув. 27 Над лозјата+ беше Симеј од Рама. Над резервите во вино во лозјата беше Завдиј од Сифмот. 28 Над маслинарниците и над смоквите+ во Шефела*+ беше Ваал-Анан, од Гедер, а над резервите во масло+ Јоас. 29 Над говедата што пасеа во Сарон+ беше Ситрај од Сарон, а над говедата во долината беше Сафат, синот на Адлај. 30 Над камилите+ беше Овил Исмаелецот,+ а над магарињата Једеј Меронотецот. 31 Над ситната стока беше Јазиз Агарјанецот. Сите тие го надгледуваа имотот на цар Давид.
32 Јонатан,+ внукот на Давид, разумен човек,+ беше советник и писар. Јеил, синот на Ахмони,+ беше со царските синови.+ 33 Ахитофел+ беше царев советник,+ а Хусај+ Архиецот+ беше царев пријател.+ 34 По Ахитофел, советници беа Јодај, синот на Венај,+ и Авијатар,+ а Јоав+ беше заповедник на царската војска.