Јов
27 Тогаш Јов повторно го започна својот мудар говор,*+ и рече:
2 „Како што е жив Бог,+ кој ме лиши од правдата,+
како што е жив Семоќниот, кој ја огорчи душата моја,+
3 сѐ додека мојот здив е уште целиот во мене
и Божјиот дух во моите ноздри,+
4 моите усни нема да изустат неправда
и мојот јазик нема да изговори измама!
5 Во никој случај не можам да ве прогласам за праведни!+
Сѐ додека дишам, нема да отстапам од својата непорочност!*+
6 Се држам за својата праведност, и нема да ја оставам.+
Моето срце нема да ме прекорува за ниту еден мој ден.+
7 Мојот непријател нека се покаже зол,+
и нека биде злосторник оној што станува против мене!
9 Ќе го чуе ли Бог неговото викање
ако дојде неволја врз него?+
10 Ќе биде ли Семоќниот негова радост?
Ќе го повикува ли Бог во секое време?
11 Ќе ве поучам со Божјата рака,
помислите на Семоќниот нема да ви ги кријам.+
12 Ете, сите вие имавте виденија,
па тогаш зошто сте толку празни?+
13 Така ќе помине злиот човек кај Бог,+
такво наследство ќе добијат насилниците од Семоќниот.
14 Ако се многубројни неговите синови, меч ќе ги чека,+
неговите потомци ќе немаат доволно леб.
15 Смртоносна зараза ќе ги закопа оние што ќе преживеат,
а нивните вдовици нема да ги оплакуваат.+
16 И да натрупа сребро како прав,
и да насобере облека како кал,
17 нека ја насобере, но праведникот ќе ја облече,+
и од неговото сребро ќе добие невиниот човек.
18 Како молец си изградил куќа,
таа е како сеница+ што чуварот си ја гради за себе.
19 Во богатство ќе легне, но не ќе пожнее никаков род од него.
Кога ќе ги отвори очите, ништо повеќе не ќе има.+
20 Ненадејни ужаси ќе го стигнат како води.+
Штом ќе падне ноќ, виор ќе го грабне и ќе го однесе.