Псалми Песна за искачување. 126 Кога Јехова ги враќаше сионските заробеници,+бевме како во сон.+ 2 Тогаш устата ни беше полна со смеа,+а јазикот ни беше полн со радосни восклици.+Тогаш се зборуваше меѓу народите:+„Големо дело направи Јехова за нив!“+ 3 Големо дело направи Јехова за нас.+Затоа бевме радосни.+ 4 Врати ги, Јехова, нашите заробеници на она што го имаа,+како потоците на Негев!*+ 5 Оние што сеат со солзи,+ќе жнеат со радосен восклик.+ 6 Оној што заминува и плаче,+носејќи вреќа семе,+ќе дојде и радосно ќе воскликнува,+носејќи ги своите снопови.+