На управителот. Псалм, песна.
66 Воскликнувајте му победнички на Бог, сите луѓе на земјата!+
2 Фалете го со песна неговото славно име!+
Фалете го Бог и славете го!+
3 Речете му на Бог: „Колку се застрашувачки твоите дела!+
Поради твојата голема сила, твоите непријатели покорно ќе дојдат кај тебе.+
4 Сите луѓе на земјата ќе ти се поклонат тебе+
и со песна ќе те фалат, со песна ќе го фалат твоето име“.+ (Села)
5 Дојдете и гледајте ги делата на Бог!+
Тој постапува застрашувачки+ со човечките синови.
6 Го претвори морето во сува земја,+
тие ја прегазија реката.+
Таму тој нѐ израдува.+
7 Со својата сила тој владее довека,+
неговите очи внимаваат на народите.+
А оние што се тврдоглави, нека не се возвишуваат.+ (Села)
8 Благословувајте го нашиот Бог, народи,+
разгласувајте ја неговата фалба!+
9 Тој ѝ дарува живот на нашата душа,+
не дозволува да ни се затетерави ногата.+
10 Зашто, ти нѐ испита, Боже,+
нѐ пречисти како што се чисти сребро.+
11 Нѐ доведе во ловечка мрежа,+
ни стави бреме на плеќите.
12 Дозволи смртниот човек да ни гази по главата,+
минавме низ оган и вода,+
а ти ни донесе олеснување.+
13 Во твојот дом ќе дојдам со цели жртви паленици,+
ќе ти ги исполнам моите завети,+
14 кои ти ги изреков со моите усни+
и ги изговорив со устата моја кога ми беше тешко.+
15 Цели жртви паленици од згоени животни ќе ти принесам тебе,+
со чадот од жртвени овни.
Ќе ти принесам јунец со јарци.+ (Села)
16 Дојдете, слушајте сите што се боите од Бог, ќе ви раскажам+
што направи тој за мојата душа.+
17 Него го повикав со својата уста+
и со својот јазик+ го возвишував.
18 Да размислував за зло во срцето,
Јехова немаше да ме чуе.+
19 Но Бог слушна,+
го чу гласот на мојата молитва.+
20 Нека е благословен Бог, кој не ја одби мојата молитва
и не ја одврати од мене својата милост.+