Псалми Песна за искачување. 128 Среќен е секој што се бои од Јехова+и оди по неговите патишта.+ 2 Зашто, ќе јадеш од трудот на своите раце.+Ќе бидеш среќен и ќе ти биде добро.+ 3 Твојата жена ќе биде како плодна лоза+во одаите на твојата куќа.Твоите синови ќе бидат како маслинови фиданки+ околу твојата трпеза. 4 Еве, така ќе биде благословен човекот+што се бои од Јехова.+ 5 Јехова ќе те благослови од Сион.+Ќе го гледаш напредокот на Ерусалим во сите дни на својот живот+ 6 и ќе ги гледаш синовите на своите синови.+Нека има мир над Израел!+