1. Летописи
13 Давид се советуваше со илјаданачалниците, со стотниците и со сите водачи.+ 2 И Давид ѝ рече на целата заедница* на Израел: „Ако ви е по волја вам и ако му е прифатливо на Јехова, нашиот Бог, да испратиме гласници кај нашите браќа што останаа по сите краишта на Израел,+ а исто така и кај свештениците+ и кај левитите+ во нивните градови+ со пасиштата, за да се соберат кај нас, 3 па ќе го пренесеме кај себе ковчегот+ на нашиот Бог“. Зашто, во времето на Саул не се грижеа за него.+ 4 И целата заедница рече да се направи така, зашто тоа беше исправно во очите на целиот народ.+ 5 Така Давид го собра целиот Израел+ од реката Египет+ до влезот во Емат+ за да се донесе ковчегот+ на вистинскиот Бог од Киријат-Јарим.+
6 Давид и целиот Израел тргнаа во Ваала,+ односно во Киријат-Јарим, кој е во Јуда, за оттаму да го донесат ковчегот на вистинскиот Бог, кој го носи името Јехова кој седи над херувими.*+ 7 Ковчегот на вистинскиот Бог го ставија на нова кола+ за да го одвезат од куќата на Авинадав, а Уза и Ахио+ управуваа со колата. 8 Давид и целиот Израел многу се веселеа+ пред вистинскиот Бог, пеејќи+ и свирејќи на харфи,+ на псалтири,+ на дајриња,+ на чинели и на труби.+ 9 Кога дојдоа до гумното на Хидон,+ Уза посегна со раката за да го придржи ковчегот,+ зашто говедата за малку ќе го превртеа. 10 Но тогаш Јехова пламна од гнев против Уза и го удри затоа што посегна со раката и го фати ковчегот,+ така што умре таму пред Бог.+ 11 И Давид се разгневи+ затоа што Јехова во својот гнев го уби Уза. А тоа место го доби името Ферес-Уза,* кое го носи до ден-денес.
12 Во тој ден Давид се уплаши од вистинскиот Бог+ и си помисли: „Како ќе го донесам кај себе ковчегот на вистинскиот Бог?“+ 13 И Давид не го пресели ковчегот кај себе во Давидовиот град, туку го смести во куќата на Овид-Едом+ од Гат.+ 14 И ковчегот на вистинскиот Бог остана три месеци во домот на Овид-Едом,+ во неговата куќа. И Јехова го благослови+ домот на Овид-Едом и сѐ што имаше.