1. Летописи
14 А Хирам,+ тирскиот цар,+ испрати гласници кај Давид, а со нив и кедрово дрво,+ ѕидари и дрводелци за да му изградат дворец.+ 2 И Давид сфати дека Јехова го утврди+ за цар на Израел и дека го возвиши неговото царство заради својот народ Израел.+
3 Давид си зеде уште жени+ во Ерусалим, така што му се родија уште синови и ќерки.+ 4 Ова се имињата на децата што му се родија во Ерусалим: Самуј,+ Совав,+ Натан,+ Соломон,+ 5 Евар,+ Елисуа, Елфалет,+ 6 Нога, Нефег,+ Јафија, 7 Елисама,+ Велијад и Елифелет.+
8 А Филистејците чуја дека Давид е помазан за цар на целиот Израел,+ па сите излегоа да го бараат Давид.+ Кога чу за тоа, Давид излезе против нив. 9 А Филистејците дојдоа и почнаа да пљачкаат по рефаимската долина.+ 10 И Давид го праша Бог за совет:+ „Дали да ги нападнам Филистејците? Ќе ги предадеш ли во мои раце?“ А Јехова му одговори: „Оди и ќе ги предадам во твои раце!“ 11 Тогаш Давид отиде во Ваал-Ферасим+ и таму ги порази. И Давид рече: „Вистинскиот Бог со мојата рака продре низ редовите на моите непријатели како што вода продира низ насип“. Затоа местото го нарекоа Ваал-Ферасим.+ 12 А тие ги оставија таму своите богови,+ а Давид заповеда да ги изгорат во оган.+
13 По некое време, Филистејците пак почнаа да пљачкаат по долината.+ 14 Тогаш Давид пак побара совет+ од Бог, а вистинскиот Бог овојпат му рече: „Немој да одиш по нив, туку заобиколи ги, па удри на нив од онаа страна каде што има грмушки бака.*+ 15 Кога ќе чуеш топот на чекори во врвовите на грмушките бака,+ тогаш тргни во битка,+ бидејќи вистинскиот Бог ќе оди пред тебе+ за да ја погуби филистејската војска“. 16 И Давид направи така како што му заповеда вистинскиот Бог.+ И ја погубија филистејската војска од Гаваон+ до Гезер.+ 17 Славата+ на Давид се разнесе по сите земји, и Јехова предизвика да се плашат од Давид сите народи.+