Јов
8 Тогаш Вилдад од Суј+ одговори:
2 „До кога ќе зборуваш така?+
Зборовите од твојата уста се само силен ветар!+
4 Твоите синови му згрешиле нему,
па затоа тој ги предава во рацете на нивниот престап.
5 Но, да го побараше Бога+
и да го замолеше Семоќниот за милост,
6 да беше чист и честит,+
тој поради тебе досега веќе ќе се разбудеше
и ќе го обновеше твоето праведно живеалиште.
7 Твојот почеток можеби бил мал,
но твојот крај подоцна ќе биде многу голем.+
10 Нема ли да те поучат тие, нема ли да ти кажат,
нема ли да изнесат зборови од своето срце?
11 Зарем папирусната трска+ ќе порасне таму каде што нема мочуриште?
Зарем трската ќе порасне таму каде што нема вода?
12 Уште додека е пупка, уште некосена,
ќе се исуши пред секоја друга трева.+
13 Такви се патиштата на секој што го заборава Бог+
— пропаѓа надежта на отпадникот+ —
14 на секој чија надеж е пресечена,
чија доверба е куќа пајакова.+
15 Ќе се потпре на својата куќа, но таа нема да стои;
ќе се фати за неа, но таа нема да издржи.
16 Се зеленее на сонцето,
и по целата негова градина бујно растат фиданките.+
17 Корењата му се испреплетени во грамада камења,
гледа куќа од камења.
18 Ако го искорне некој од неговото живеалиште,+
тоа ќе се одрече од него и ќе рече: ‚Никогаш не сум те видел!‘+
19 Ете, така исчезнува неговиот пат,+
а од правта никнуваат други.
20 Гледај, Бог нема да отфрли никого кој е беспрекорен
и нема да ги фати за рака оние што прават зло.
21 На крајот ќе ја наполни твојата уста со смеа
и твоите усни со радосни извици.
22 А оние што те мразат ќе се облечат во срам,+
и шаторите на злосторниците ќе ги нема“.