Јов
11 Тогаш одговори Софар од Наама:+
2 „Зарем ќе останат без одговор мноштвото зборови?
Зарем ќе има право фалбаџијата?
3 Зарем твоите празни зборови ќе ги замолкнат луѓето?
Зарем ќе се потсмеваш, без некој да те прекори?+
5 Но, камо да проговореше Бог
и да ги отвореше своите усни за да ти се обрати!+
6 Тој ќе ти ги кажеше тајните на мудроста,
зашто мудроста* се открива на многу начини.
И ќе сознаеше дека Бог ги предава на заборавот некои твои престапи.+
7 Можеш ли да ги сфатиш Божјите длабочини?+
Можеш ли да ги сфатиш границите на Семоќниот?
8 Таа мудрост е повисока од небото. Можеш ли да дофатиш нешто од тоа?
9 Кога ќе се измери, подолга е од земјата,
поширока е од морето.
10 Ако помине и ако предаде некого в затвор,
па свика суд, кој може да му се спротивстави?
11 Зашто, тој добро ги познава луѓето што се полни со невистини.+
Кога ќе види зло, нема ли да му обрне внимание?
12 И празноглавиот човек ќе стане паметен
кога дивото магаре ќе се роди како човек.
13 А ти, подготви го срцето
и во молитва рашири ги рацете кон него!+
14 И ако ти се најде во раката некакво зло, отфрли го,
и неправдата нека не престојува во твоите шатори!
15 Зашто, тогаш ќе го подигнеш своето справедливо лице,+
ќе бидеш цврст и нема да се плашиш.
16 Зашто, ти ќе ја заборавиш неволјата,
во твоето сеќавање таа ќе ти биде како вода што истекла.
18 Мирно ќе ја чекаш иднината, зашто ќе имаш надеж,
и ќе го набљудуваш сето она што е твое околу тебе — ќе си легнуваш спокоен.+