На управителот. Маскил. Давидов псалм, кога дојде Доик Едомецот и му јави на Саул дека Давид дошол во куќата на Ахимелех.+
52 Зошто се фалиш со зло, силнику?+
Божјата милост трае по цел ден.+
2 Твојот јазик смислува неволји, како брич е наострен+
и измамува.+
3 Повеќе го сакаш злото отколку доброто,+
повеќе лагата отколку праведниот збор.+ (Села)
4 Ги сакаш сите погубни зборови,+
јазику измамнички!+
5 Бог ќе те урне засекогаш,+
ќе те собори и ќе те исфрли од твојот шатор,+
ќе те искорени од земјата на живите.+ (Села)
6 Праведниците ќе го гледаат тоа и ќе се плашат,+
и ќе му се смеат на таквиот.+
7 Таквиот човек не го смета Бог за своја тврдина,+
туку ја полага довербата во своето големо богатство,+
наоѓа засолниште во злото што го прави.+
8 А јас ќе бидам како маслинка што се зеленее+ во Божјиот дом.
За навек, за сета вечност ја полагам довербата во Божјата милост.+
9 Ќе те фалам довека, поради делата што ги направи,+
и ќе се надевам на твоето име пред оние што ти се лојални, зашто тоа е добро.+