На управителот. „Не погубувај!“ Давидов псалм. Миктам.
58 Дали навистина зборувате за правда ако молчите?+
Можете ли да судите праведно, синови човечки?+
2 А вие со сето срце вршите голема неправда на земјата+
и му подготвувате пат на злото што го прават вашите раце.+
3 Злите се изопачени уште од мајчината утроба,+
скитаат откако се родени,
кажуваат лаги.+
4 Нивниот отров е како змиски отров,+
глуви се како кобрата која го затвора увото свое+
5 и не го слуша гласот на оние што со баење+ ја скротуваат,
иако вештиот скротител сака да ја маѓепса.+
6 О Боже, скрши им ги забите во устата!+
Јехова, здроби им ги челустите на младите лавови!
7 Нека се растопат и нека ги снема како вода што истекува.+
Тој нека го оптегне лакот за своите стрели додека тие паѓаат премалени.+
8 Тие одат како полжав што умира,
како дете кое жена го пометнала, сонце нема да видат.+
9 Пред вашите котли да ја почувствуваат топлината од потпалените трње,+
тој ќе го однесе како виорен ветар+ и она што е зелено и она што гори.
10 Праведникот ќе се радува затоа што ќе ја види одмаздата.+
Ќе ги измие нозете во крвта на злиот.+
11 А луѓето ќе речат:+ „Навистина, имало награда за праведникот!+
Навистина има Бог кој на земјата суди!“+