На управителот. „Не погубувај!“ Давидов псалм. Миктам. Кога Саул испрати луѓе да ја набљудуваат куќата на Давид за да го убијат.+
59 Избави ме од непријателите, Боже мој,+
заштити ме+ од оние што се креваат против мене!
2 Избави ме од оние што прават зло+
и спаси ме од луѓето што се виновни за крв!
3 Зашто, еве, ја демнат мојата душа,+
силници ме напаѓаат,+
а јас, Јехова, не сум направил престап, не сум направил грев.+
4 Иако не сум виновен, тие трчаат и се подготвуваат.+
Стани кога те повикувам и гледај!+
5 Ти си, о Јехова, Боже над војските, Бог на Израел.+
Разбуди се и погледни ги сите народи!+
Немој да му се смилуваш на ниту еден зол предавник.+ (Села)
6 Тие се враќаат навечер,+
лаат како кучиња+ и го обиколуваат целиот град.+
7 Еве, блујат зборови од устата,+
на усните имаат мечеви,+
зашто, кој слуша?+
8 Но, ти, Јехова, ќе им се смееш,+
ќе се подбиваш со сите народи.+
9 Сило моја, кон тебе ќе гледам.+
Зашто, Бог ми е сигурна тврдина на високо место.+
10 Бог, кој ми покажува милост, ќе ми дојде во пресрет,+
Бог ќе ми даде да ликувам над моите непријатели.+
11 Не погубувај ги, за да не заборави мојот народ.+
Со својата сила натерај ги да скитаат+
и собори ги, Јехова, штиту наш,+
12 поради гревот на нивната уста, поради зборот на нивните усни;+
и нека се фатат во својата гордост,+
зашто постојано ги повторуваат клетвите и измамите.
13 Уништи ги во гневот,+
уништи ги за да ги нема повеќе,
па нека знаат дека Бог владее во Јаков до краиштата на земјата.+ (Села)
14 И нека се вратат навечер,
нека лаат како кучиња и нека го обиколуваат целиот град.+
15 Нека скитаат барајќи храна,+
нека не се наситат и нека не најдат ноќевалиште.+
16 А јас ќе пеам за твојата сила+
и радосно ќе кажувам наутро за твојата милост.+
Зашто, ти беше за мене сигурна тврдина на високо место+
и место на коешто бегав во денот на мојата неволја.+
17 Сило моја, тебе ќе ти свирам и ќе те фалам,+
зашто Бог е мојата сигурна тврдина на високо место, Бог кој ми покажува милост.+