Јов
28 Да, среброто има свое наоѓалиште
и златото место каде што се пречистува.+
2 Железото се вади од правот,+
бакарот се лее од камен.
3 Човекот ѝ постави граница на темнината,
и бара камења на сите краишта од рудниците+
во мрак и во густа темнина.
4 Копа јами далеку од местата каде што живеат луѓе,+
на заборавени места, каде што нога човечка не стапнува.
Таму некои од смртните луѓе висат, нишајќи се.
8 Горделиви ѕверови не газеле по него,
млад лав никогаш не поминал по него.
9 Човек посегнува со раката по кремен,
планини превртува од корен,
10 во карпи прокопува јами што се полнат со вода+
и неговото око гледа сѐ што е скапоцено.
17 Златото и стаклото не можат да се споредат со неа,
и не може да се добие ни во замена за сад од чисто злато.
18 Коралите+ и горските кристали не вреди ни да се спомнат,
а вреќа мудрост вреди повеќе од вреќа бисери.+
22 Пропаста и смртта велат:
‚Со свои уши чувме дека се зборува за неа‘.
23 Бог е оној што го разбира нејзиниот пат,+
тој знае каде е местото на кое престојува таа,
24 зашто неговиот поглед стигнува до сите земни краишта,+
тој гледа сѐ под небото
25 за да му ја одреди тежината на ветрот+
и со мера да ги измери водите.+
26 Кога му го одреди законот на дождот+
и патот на громовниот облак во бура,
27 тогаш ја виде мудроста и почна да зборува за неа,
ја подготви и ја истражи.