Јов
40 Одговарајќи му на Јов, Јехова продолжи:
2 „Ќе се препира ли приговарачот со Семоќниот?+
Нека одговори оној што го укорува Бог!“+
5 Еднаш зборував, и нема повеќе да одговарам;
двапати зборував, и нема повеќе ништо да додадам“.
6 Тогаш Јехова му одговори на Јов од виорот:+
7 „Те молам, заврати си ги скутовите на облеката како човек,+
и јас ќе те прашувам, а ти поучи ме.+
13 Скриј ги сите заедно во правот,+
нивните лица заврзи ги на скришно место,
14 и јас ќе те пофалам,
зашто твојата десница може да те спаси.
15 А сега гледај го нилскиот коњ,* кого јас го направив како што те направив и тебе.
Јаде зелена трева+ како бик.
16 Гледај, во бутовите е неговата сила,
и неговата голема јачина+ почива во неговите стомачни мускули.*
17 Ја свиткува опашката како кедар,
испреплетени му се жилите на бедрата.
18 Коските му се цевки бакарни,
силни му се коските како ковани железни шипки.
22 Трнливите лотоси го засолнуваат со својата сенка,
крајизворски тополи го опкружуваат.
23 Ако надојде реката незапирливо, тој не бега избезумено.
Мирен е дури и кога Јордан+ ќе навали во неговата уста.
24 Додека тој гледа, може ли некој да го фати?
Може ли некој да му го прободе носот со кука?