Јов
4 Сами да се увериме што е исправно,
заедно да дознаеме што е добро.
6 Зарем ќе лажам за правдата што ја заслужувам?
Мојата болна рана е неизлечлива, иако немам престап‘.+
10 Затоа послушајте ме, луѓе со разборито срце!+
Не е можно вистинскиот Бог да прави зло,+
Семоќниот да постапува неправедно!+
11 Зашто, тој му плаќа на земниот човек според неговите дела,+
му дава на човекот според неговото поведение.
14 Ако го насочи кон некого своето внимание
и ако го прибере кај себе неговиот дух и неговиот здив,+
15 ќе издивне секое тело,
и земниот човек ќе се врати во прав.+
16 Затоа, ако си разборит, слушни го ова,
приклони го увото кон моите зборови.
17 Навистина, зар ќе владее некој што ја мрази правдата?+
Ако е праведен моќникот, зар ќе го прогласиш за зол?+
19 Бог не е пристрасен кон кнезовите
и не му придава поголема важност на достоинственикот отколку на сиромавиот,+
зашто сите тие се дело на неговите раце.+
20 Умираат за миг,+ среде ноќта.+
Луѓе се стресуваат и гинат,
моќни луѓе заминуваат, без да ги допре човечка рака.+
23 Зашто, Бог не треба да го одредува времето
за човек да дојде пред него на суд.
26 Ги удира како злосторници
на место каде што другите можат да ги видат,+
и не им е грижа за ниту еден негов пат,+
28 па поради нив викањето на сиромавиот стигнува до него,
зашто, тој го слуша викањето на оние што се во неволја.+
29 Кога тој ќе донесе олеснување, кој може да го осуди?
Кога ќе го сврти своето лице,+ кој може да го види?
Сеедно е дали ќе го скрие од целиот народ+ или од еден човек.
31 Зашто, некој зарем ќе му рече на Бог:
‚Трпам, иако не правам зло.+
32 Поучи ме за она што самиот не го гледам!
Ако сум направил некаква неправда,
нема повторно да ја направам‘.+
33 Зар Бог ќе ти даде отштета за сето тоа, како што си замислил ти, иако ги отфрлаш неговите пресуди?
Изборот е твој, а не мој.
Кажи го она што го знаеш!