Јов
30 А сега луѓето ми се смеат,+
оние што се помлади од мене,+
чиишто татковци не би ги ставил
ни со кучињата од моето стадо.
3 Премалени се од немаштија и од глад,
го глодаат она што ќе го најдат во безводната земја,+
која вчера ја зафатија невреме и пустош.
4 Берат солени билки меѓу грмушките,
коренот од метлика им е храна.
6 Мораат да живеат на падините крај речната долина,
во земните јами и меѓу карпите.
7 Викаат меѓу грмушките,
клечат под копривите.
11 Зашто, тој го отпушти мојот лак и ме понижи,
а тие ми се нафрлија незауздано.
12 Од мојата десна страна стануваат како легло злосторничко,
ги пуштаат моите нозе да си одат,
а потоа погубни бедеми ми поставуваат.+
14 Како низ широк процеп тие навираат,
со невремето надоаѓаат.
15 Ненадејни стравотии се свртуваат против мене,
моето достоинство како ветар да го однесува,
како облак исчезна моето спасение.
17 Ноќе, болка ми ги прободува коските,+ како да се кинат од мене,
не се смируваат болките што ме глодаат.+
18 Од големата силина се менуваат моите алишта,
ме обвиткува како јаката на мојата облека.
19 Тој ме фрли во глина,
па станав како прав и пепел.
22 Ме подигаш во ветрот за да го јавнам,
а потоа со тресок ме разбиваш.
27 Мојата утроба зовре и се вознемири,
се соочив со денови на неволја.
31 Сега мојата харфа свири само тажачки,
на мојот кавал му останаа само плачни гласови.